Женската фудбалска репрезентација на Македонија веќе одамна нема забележано победа на меѓународно ниво и периодот на подготвителни натпревари нашата најдобра А селекција ќе се обиде да си ги провери моменталните можности и квалитети против соседна Албанија.
Македонија загуби на првата контролна средба на гостински терен во Албанија со резултат од 3:1 иако поведовме со голот на Илза Максути, сепак на крај како победници се израдуваа домашните фудбалерки. Реваншот на двомечот ќе се одигра денеска од 17.00 часот на стадионот ,,Билјанини Извори” во Охрид.
Селекторот Кирил Изов за овој собир повика и неколку интернационалки и искусни фудбалерки, пред се нашата најдобра фудбалерка и член на Барселона, Наташа Андонова, потоа Гентијана Рочи која настапува во финскиот шампионат, Костова од шампионот Драгон, Ристовска Тиверија, Ангелоска Олимпија (Словенија) и Николовска Црвена Звезда (Србија) кои што треба да помогнат на веќе стандардните, Живиќ, Панчурова, Максути, Марковска, Мустафа, Јакоска и другите млади фудбалерки да стигнеме до победа и да го ,,скршиме мразот” на лоши репрезентативни резултати.



