Започна Копа Америка првенството кое што за трофеј се борат најдобрите јужноамерикански репрезентации. Бразил е домаќин, а дерби во првото коло беше дуелот помеѓу Аргентина и Колумбија каде што триумфот им припадна на колумбијците со резултат од 0:2.
Во рамките на групата Б, Колумбија одлично го започна натпреварувањето и уште на стартот освои три бода против селекцијата што ја предводи Лионел Меси и е еден од фаворитите за највисок пласман.
Пресуден фактор беа замените каде што Мартинез, Лерма и Запата ја искористија шансата од клупата. Најпрвин Мартинез во 71 минута постигна гол за 1:0, додека Лерма му асистираше на Запата во 86 минута за конечните 2:0.



