Горан Пандев ќе има нов тренер во новата сезона во која Џенова ќе бара шанса за подобар пласман. Откако џеновјани со многу напор и спортска среќа дојдоа до опстанок во Серија А за нов тренер го именуваа искусниот стручњак Аурелио Андреацоли кој пак претходно го загуби прволигашкиот статус со тимот на Емполи.



