Фудбалерката на ЖФК Истатов од Дојран, Ели Јаковска која игра во шпицот на нападот заврши како прв стрелец во ПЖФЛ за сезоната 2018/2019 по 26 одиграни кола. Јаковска успеа да постигне дури 80 гола или повеќе по три гола во просек.
Иако нејзиниот тим дојде само до вицешампионското место во ПЖФЛ, Јаковска на индивидуален план си ги оствари своите амбиции и само ја покажа голгетерската форма која ја краси изминативе неколку сезони. Овој остварен учинок е далеку најдобро остварување во нашата македонска женска фудбалска прва лига во историјата.



