Репрезентативецот од средниот ред, Бобан Николов не успеа да го прати во чекор на Стефан Спировски во трката за шампионскиот трон во првенството, но затоа во Куп финалето на Унгарија во Будимпешта со пресврт Николов и Мол Види стигнаа до победа од 2:1 против Хонвед.
Минатата сезона Николов со својот тим играше во групната фаза од Лига Европа и ова е продолжение на таа минатогодишна успешна сезона со освојувањето на нов трофеј на интернационална сцена.



