Репрезентативниот десен бек, Стефан Ристовски поради суспензија не учествуваше во големото Куп финале во Португалија, каде што неговиот Спортинг Лисабон по поуспешно изведување на пенали триумфираа над својот голем ривал Порто.
Први поведоа Порто со голот на Соареш пред крајот на полувремето, а во регуларните 90 минути резултатот гласеше 1:1 по израмнувачкиот гол на Фернандеш. Во продолженијата два пати по петнаесет минути Баст Дост го донесе Спортинг во водство, додека противникот преку Фелипе ги постави конечните 2:2. По изведување на пенал серијата посреќни и поконцентрирани беа фудбалерите на Спортинг Лисабон и сосема заслужено се закитија со куп трофејот.



