Двајцата македонски репрезентативни напаѓачи се лидери во Палермо и имаат постигнато вкупно 22 гола во Серија Б за тимот од Сицилија. Илија Несторовски во 21 минута постигна гол со глава за негов 14-ти овосезонски гол додека Александар Трајковски во 22 минута го совлада голманот на Цитадела и за него ова е гол број осум во првенството. Иако Палермо водеше со 2:0 до крајот на мечот гостите израмнија на 2:2.



