понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Спортски колумни

РК Вардар играше полуфинале во Европските купови и пред селфи-навивачите

Управите и тренерите се менуваат РК Вардар останува.

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
април 26, 2019
📁 Спортски колумни
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Ракометниот клуб „Вардар“ е основан во 1961 година, како дел од спортското друштво „Вардар“ и во тоа време редовно настапувал во ракометнала лига на Македонија и во Втората југословенска лига. Најголемите успеси, клубот ги постигнал по осамостојувањето на Македонија, кога започнал напредокот на клубот. Во 1997 година започнале најголемите успеси на РК „Вардар“, кој е првиот клуб што успеал да ја прекине доминацијата на РК „Пелистер“ од Битола во македонската ракометна лига. РК „Вардар“ е убедливо најтрофејниот машки ракометен клуб во Македонија, со освоени бројни трофеи во првенството и во купот. Во сезоната 2013/2014, клубот добил нова раководна структура: Нов сопственик на клубот станал Сергеј Самсоненко, а Михајло Михајловски станал почесен претседател. Како признание на остварените успеси, во 2016 година „Вардар“ ја добил наградата „13 Ноември“ која ја доделува Сојузот на спортови на град Скопје.

РК „Вардар“ има богато учество на меѓународните ракометни натпреварувања. На европската ракометна сцена, „Вардар“ дебитирал во сезоната 1993/1994, во натпреварите од Купот на ЕХФ. Притоа, „Вардар“ трипати играл во полуфиналето на КПК (1998/1999, 2004/2005 и 2010/2011), а во сезоната 2006/2007 играл во четврт-финалето на ова натпреварување. Исто така, во сезоната 2005/2006, „Вардар“ играл во чеврт-финалето на Челинџ-купот. Во своето прво европско полуфинале во сезоната 1998/1999, „Вардар“ загубил од „Адемар Леон“ (27:29, 20:35); во второто полуфинале во КПК (2004/2005) загубил од РК „Загреб“ (23:21, 26:34), а во третиот обид (2010/2011) бил поразен од „Гумерсбах“ (21:33, 29:38). Во рангирањето на ЕХФ, „Вардар“ двапати бил меѓу 14. најдобри екипи во Европа. Исто така, „Вардар“ е првата македонска екипа што настапувала во Лигата на шампионите, како и првиот победник во Регионалната лига „СЕХА“.

РК „Вардар“ има повеќе учества во Лигата на шампионите на ЕХФ: 2001/2002, 2002/2003, 2003/2004, 2004/2005, 2007/2008, 2009/2010, 2013/2014, 2014/2015, 2015/2016 и 2016/2017. Своето прво учество во групната фаза од Лигата на шампионите „Вардар“ го остварил во сезоната 2001/2002, кога во квалификациите ја победил турската екипа „АСКИ Анкара“ со резултат 37:31, а на гостувањето загубил со 27:28. Така, „Вардар“ станал втората македонска екипа што се квалификувала во групната фаза на Лигата на шампионите. Притоа, „Вардар“ играл во група со „Магдебург“, „Веспрем“ и „Шамбери“, при што првата победа во групната фаза на Лигата на шампионите ја остварил во натпреварот против „Шамбери“ (32:30). Потоа, четири сезони по ред „Вардар“ играл во Лигата на шампионите, по што следувала пауза од две сезони. Во сезоната 2009/2010, „Вардар“ повторно изборуил учество во Лигата на шампионите, каде одиграл 10 натпревари.

Во сезоната 2016/2017 РК Вардар го постигна најголемиот клубски успех и ја освои Лигата на Шампионите на ЕХФ. Во четврфиналето, „Вардар“ се сретна со германската екипа „Флензбург“. Притоа, во првиот натпревар, одигран на 22 април на гостински терен, „Вардар“ победил со резултат 26:24 (15:9).[137]Потоа, на 27 април, „Вардар“ извојувал уште една победа, со резултат 35:27 (15:10) и така за првпат се пласирал на завршниот натпревар во Келн. Пред почетокот на завршниот турнир, Алекс Душебаев бил избран во најдобрата екипа на Лигата на шампионите, како најдобар десен бек, додека Раул Гонзалес бил прогласен за најдобар тренер. На 3 јуни 2017 година, „Вардар“ играл во полуфиналето против екипата на „Барселона“ и извојувал победа од 26:25 (13:12), со голот на Лука Циндриќ постигнат три секунди пред крајот на натпреварот.Утредента, „Вардар“ играл во финалето против „ПСЖ“ и на сличен начин, со голот на Иван Чупиќ во последната секунда, извојувал победа со резултат 24:23 (11:12) и ја освоил шампионската титула, со што го постигнал најголемиот успех во својата историја.

Фото: Денис Дуковски/ RK Vardar

 Најефикасен ракометар во финалето бил Тимур Дибиров со шест гола, а Арпад Штербик со своите 16 одбрани бил прогласен за најкорисен играч (MVP) на финалниот турнир, како прв голман во историјата што го освоил ова признание.

Извор: wikipedia

ShareTweet
Претходна вест

Иван Тасески беше предводник на Охрид до нова победа

Следна вест

Aкадемија Пандев – Работнички и Шкендија-Шкупи дерби дуелите од ПФЛ

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

МАКЕДОНИЈА СЕ ГОРДЕЕ СО ВАС МОМЦИ! Сите оставивте срце на терен
Спортски колумни

Цела нација како еден: Јануари повторно во знакот на Македонија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Јан/2026
10. дневна јагленохидратна суперкомпензација за време на интензивен натпреварувачки период кај играчите на шампионот Струга ТЛ (Научен труд)
Спорт

10. дневна јагленохидратна суперкомпензација за време на интензивен натпреварувачки период кај играчите на шампионот Струга ТЛ (Научен труд)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2023
Д-р Бојчески: Исхраната има важна улога во постигнување спортски резултати и одржување добра здравствена состојба на спортистот
ИНТЕРВЈУ

Д-р Бојчески: Исхраната има важна улога во постигнување спортски резултати и одржување добра здравствена состојба на спортистот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Јун/2023
ПРАКТИЧНА КАЛИУМСКА РЕМИНЕРАЛИЗАЦИЈА ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ГЛИКОГЕНСКАТА РЕСИНТЕЗА ПОСЛЕ ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ
Спортски колумни

ПРАКТИЧНА КАЛИУМСКА РЕМИНЕРАЛИЗАЦИЈА ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ГЛИКОГЕНСКАТА РЕСИНТЕЗА ПОСЛЕ ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
18/Апр/2022
Следна вест

Aкадемија Пандев - Работнички и Шкендија-Шкупи дерби дуелите од ПФЛ

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.