Ракометарите на Струга го совладаа Металург 2 со 36-28. Најдобри стрелци во Струга беа пикерот Тренчевски со 7 голови и Цветан Кузманоски со 6 погодоци, додека кај Металург 2 најпрецизен беше Гошевски со 8 голови.
Претходно нашиот шампион Вардар го совлада Прилеп со високи 45:21 и закажа финале со Струга. Најефикасен кај Вардар беше младиот Калајџиески со 9 голови.
Финалето помеѓу РК Струга и РК Вардар ќе се одигра денес од 18 часот во СЦ “Tими” во Струга. Тие ќе го дадат последниот патник на Ф4 во Купот откако таму веќе се пласираа екипите на Eурофарм, Металург и Бутел.



