Екипата на Металург се пласира на Ф4-турнирот во Купот на Македонија откако славеше над екипата на Пролет со 31-29 . Најдобар стрелец кај Металург беше Токиќ со 8 погодоци, Шпенде и Јагуриновски постигнаа по 5 голови, додека кај Пролет Андоновски и Џонов дадоа по 6 гола.



