Tретиот учесник на Ф4-турнирот во Купот на Македонија e РК Бутел Скопје откако славеше против второлигашот Тиквеш со 36-29. Најдобар кај домаќино беше Давидовиќ со 6, а кај Тиквеш Пеовски со 7 голови. Претходно Бутел го растури и тимот на Пелистер со високи 20-29. Најдобри стрелци кај Бутел беа Мајиќ со 6 и Младеновски со 5 погодоци, а кај Пелистер најпрецизни беа Поповиќ и Табанге со по 4 голови.



