Интернет страницата „Лонли планет“, откако анализирале податоци од „Гугл трендс“ oбјави дека Будимпешта е најпосакувана туристичка дестинација.
На листата дестинации со најголем раст на популарноста меѓу туристите за 2019 година во однос на 2009 година, Будимпешта е на прво место со дури 87 % раст. На второ место е јужнокорејскиот главен град Сеул (79 % пораст). Трет е Копенхаген (68 %), зад кој следат Тел Авив и Варшава.



