Во финалето на АБА 2 лигата и по трет по ред МЗТ Скопје Аеродром е поразен од словенскиот преставник, тимот на Сикст Приморска овој пат на домашен паркет во СЦ ,,Јане Сандански” со резултат од 61:66. Кобни за металците беа втората и третата четвртина каде што убедливо го загубија тој период од играта.
Приморска го доби финалето со 3:0 и идната сезона ќе настапува во најдобрата АБА лига, додека на МЗТ Скопје Аеродром му останува уште една шанса за пласман во АБА и тоа во баражот против хрватски Задар.



