Македонија во машка јуниорска конкуренција замина на силен меѓународен турнир во Бих каде освен нашите млади надежи до 18 години ќе настапат уште и Црна Гора, домаќинот Босна и Херцеговина и Кантон Сараево. Ова е веќе дванаесето издание на овој признат меѓународен турнир.
На Македонија прв противник ќе и биде домаќинот Бих вечерва со почеток на мечот од 20.30 часот, во сабота ќе се соочиме против Црна Гора од 18.00 часот и во недела трет противник ќе ни биде Кантон Сараево. Селектор на оваа репрезентација е Михаил Наумовски.



