На развоен турнир во Скопје за репрезентации до У-17, каде што домаќин е Македонија, а ни гостуваат репрезентациите на Грузија, Луксембург и Норвешка, македонските млади репрезентативки денеска покажаа дека во нив има голем потенцијал и квалитет, а женскиот фудбал се движи во нагорна линија.
По првиот пораз од Грузија од 3:2 во првото коло, Македонија на вториот меч го совлада Луксембург и тоа по подобро изведување на пенали откако во регуларните 90 минути резултатот гласеше 1:1. Голот за Македонија го постигна Кристина Мојсоска и тоа не било каков гол туку евро гол за воодушевување на присутната публика. Инаку по изведување на пенали резултатот беше 5:4 и триумф на Македонија до У-17.
Македонија У-17 го започна натпреварот со следниве 11 фудбалерки: Колевска Верица, Лимани Хикмети, Викторија Недева (К), Анида Јахии, Радица Велкова, Цунева Ефимија, Бојана Петкова, Дајана Ристовска, Ивана Кузмановска, Оливера Цоклеска и Кристина Мојсоска. Ударите од белата точка ги резлизираа: Ефтинџиоска, Јахии, Мојсоска, Велкова и Хикмети.



