Во финалето на фајнл-фор турнирот кој се од одржа во СЦ”Билјанини извори” во Охрид со погодок во последните секунди екипата на РК Металург со 31:30 (полувреме 16:15) го совлада РК Охрид и ја одбрани титулата во Младинската лига на Македонија.
Третото место го освои тимот на КЛ7 од Струга кој убедливо со 31:21 (полувреме 13:12) славеше против РК Струга. Надобар играч во малото финале беше Кристијан Симоноски со 10 голови.



