Дека велешки Борец има слаби точки и дека овој тим може да се победи покажа денеска во рамките на 18. коло од Втората лига – Исток тимот на Тиквеш кој пред својата кавадаречка публика победи со убедливи 3:0 над ФК Борец. Погодиците во домашната екипа ги постигнаа Марјан Ристовски во 27 минута, на 2:0 зголеми Методија Делов, а конечните 3:0 ги постави Роберт Митев.
Во останатите натпревари, Детонит дојде до победа во дербито на дното против Партизан, Брегалница минимално дојде до победа над Каменица Саса, а натпреварите помеѓу Кит-Го-Кожув и Вардар Неготино-Плачковица завршија без голови.
Втора лига – Исток 18. коло резултати:
Брегалница 2:1 Каменица Саса
Тиквеш 3:0 Борец
Детонит Јуниор 3:0 Партизан Обршани
Кит-Го Пехчево 0:0 Кожув Гевгелија
Вардар Неготино 0:0 Плачковица.



