Во рамките на 18. коло од Втората лига – Запад, струшките екипи имаа различен епилог по одигрувањето на ова коло, каде што на домашен терен ФК Лабуништа загуби во дербито против Гостивар со 0:1 со голот на Алили во 75 минута, а на гостински терен ФК Струга Трим Лум извојува рутинска победа од 0:2 над Генч Калемлер со погодоците на Османи во прво полувреме и во вториот дел со голот на Лена.
Втора Лига – Запад 18. коло резултати:
Велазерими 1:0 Гоблен
Скопје 3:1 Тетекс
Лабуништа 0:1 Гостивар
Кораби 0:0 Пелистер
Генч Калемлер 0:2 Струга Трим Лум.



