Норвежанецот Оле Гунар Солскјер по пристигнувањето на тренерската клупа во Манчестер јунајтед го препороди англискиот гигант. Во Премиер лигата го врати во трката за место помеѓу четирите најдобри тимови, а исто така ќе води голема борба и за трофејот во Лигата на шампиони, па очекувано денеска потпиша нов тригодишен договор со екипата од „Олд Трафорд“. 



