Македонија до 19-години во претстојниов период имаше контролни пријателски натпревари со соодветната репрезентација на Албанија до 19-години. Првиот дуел се одигра на гостински терен во Корча каде што резултатот гласеше 1:1.
Во нашите редови стрелец беше Димитар Тодоровски, а израмнувачлиот гол за Албанија го постигна Армандо Броја. Македонија на домашен терен на ,,Билјанини Извори” во Охрид ја совлада Албанија со 2:1 со погодиците на Јетон Даути и Агон Елези, а повторно стрелец како и на првиот меч беше Армандо Броја. Селектор на оваа успешна и талентирана млада репрезентација до 19-години е Горан Станиќ.



