Во рамките на 16. коло од Првата ЖФЛ се случи во исто коло двете битолски екипи да дојдат до победа и да запишат три бода. На гостувањето во Тетово, тимот на ЖФК Атлетико со единствениот гол на Ангела Данчева во 35 минута го совладаа во фер и коректен напревар домашниот тим на ЖФК Љуботен.
Во Битола тимот на ЖФК Топ Гол преку голем пресврт дојде до нова првенствена победа овој пат против ЖФК Тетово во ефикасен меч со резултат од 4:3, а гостинските фудбалерки од Тетово имаа предност од 0:3.
Головите за ЖФК Тетово ги постигнаа Хава Мустафа во 20. минута, додека двоен стрелец беше Енџи Шерифи со погодоци постигнати во 29 и 39 минута. Пресвртот домашните битолски фудбалерки го направија со погодоците на Габриела Гелевска во 46 минута, Теодора Петровска 53 минута, а Теодора Бумбароска со два гола го завери пресвртот за конечен резултат од 4:3.



