Во рамките на групата А од квалификациите за ЕУРО 2020 во Софија на стадионот ,,Васил Левски”, Бугарија одигра реми од 1:1 против Црна Гора. Први во водство беа гостите во 50. минута кога напаѓачот Мугоша од работ на шеснаесетникот биеше неодбранливо за голманот Михајлов.
Цело второ полувреме домашните фудбалери имаа јалови напади затоа што не стигнаа посериозно да го загрозат голот на гостите, но главниот судија Буке од Франција досуди непостоечки пенал во 82. минута и ударот од белата точка успешно го реализира Неделев за 1:1 резултат кој се покажа конечен за поделба на бодовите по првото коло.
На досудениот пенал претходеше старт за фаул од страна на Јововиќ надвор од шеснаесетникот кој судијата го претвори во пенал и подарокот бугарите со задоволство го претворија во гол за израмнување.
Видео: Бугарија 0 – 1 Црна Гора стрелец Мугоша
Видео: Бугарија 1 – 1 Црна Гора стрелец Неделев (пенал)



