Лионел Меси по втор пат прави кам бек во репрезентацијата во Аргентина и на стадионот ,,Ванда Метрополитано” во Мадрид во пријателски натпревар ,,Гаучосите” се поразени со резултат од 1:3 против Венецуела.
Погодоците за Венецуела ги постигнаа Рондон во 6 минута и Муриљо во 44 минута, додека единствениот гол аргентинците го постигнаа во 59 минута преку Лоутаро Мартинез фудбалерот на Интер. Печат на победата постави Мартинез во 75 минута од пенал.
Ниту кам бекот на Меси ниту неговиот нов имиџ со избричена брада не помогна да и се спротистават на разиграната репрезентација на Венецуела. Освен тоа ,,Гаучосите” играа со видоизменет состав и со неколку помалку познати фудбалери, додека Пауло Дибала цел натпревар го преседе на клупата за резерви.



