Тибо Куртоа имаше вечер за заборав откако направи голем кикс против Русија во квалификациите за ЕУРО 2020 година. За негова среќа, Еден Азар постигна два гола па Белгија славеше со 3-1 и погодокот на Черишев се покажа недоволен за позитивен резултат за гостите по првото коло.
„Мислам дека премногу гледа видеа од мене, па тргна да дрибла како мене, но тој е висок и нему му е малку потешко. Ништо страшно, ќе биде хит на социјалните мрежи еден период каде што сите ќе му се смеат“ – изјави Еден Хазард за репрезентативниот голман по неговата почетничка грешка во квалификацискиот меч против Русија.



