Реал Мадрид игра разочарувачка сезона, но затоа претседателот на кралевите, Флорентино Перез и Зинедин Зидан кројат планови од идната сезона тимот да има ѕвезден состав. Веќе е договорено првото засилување и тоа за 50 милиони евра, а се работи за дефанзивецот на Порто и бразилски интернационалец Едер Милитао.
Освен во одбраната ќе има засилувања и во средниот ред и нападот. Најспомнувани имиња се Еден Хазард од Челзи, Садио Мане од Ливерпул, а Флорентино Перез има во план во Мадрид да го доведе и Килијан Мбапе кој би чинел 300 милиони евра. Сега се очекува летото и да почне ,ловот” на големи фудбалски ѕвезди.



