Најуспешниот македонски филм ,,Пред Дождот” на Милчо Манчевски е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција и уште 4 номинации од кои најзначајната е секако номинацијата за Оскар (Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје) во 1995 година.
Филмот е дел од програмата на стотици универзитети ширум светот, а во Италија претставува дел од задолжителната наставна програма во средните училишта. Дел од филмските сцени се снимени во Мариово и во Охрид, а одличната кинематографија и фотографија го прават уште помагично целото филмско доживување, а „Њујорк Тајмс“ го вбројува „Пред дождот“ во 1000 најдобри филмови во историјата.



