Во Струга ретко која екипа стигнува до бодови, а домашната екипа на ЖФК Асс Унитед го потврди својот квалитет против одличната екипа од Прилеп која оваа сезона прикажува одлични игри и резултати во текот на сезоната. Струшките фудбалерки отпорот на гостинската екипа го скршија во финишот на првото полувреме со погодоците на Илза Максути во 36, 42 и 45 минута за нејзин нов хет-трик постигнат за едно полувреме.
Во второто полувреме се играше без поголем притисок затоа што веќе домашната екипа имаше солидна предност по првиот дел, па дури во 77 минута прилепчанки за момент ја вратија неизвесноста со голот на Елена Бошкоска за во тој момент 3:1. Сите дилеми дека ќе се дојде до пресврт ги заверија Оливера Цоклеска во 80 минута и Илза Максути во судиското продолжение за конечни 5:1.
Во останатите прволигашки денешни дуели од Првата ЖФЛ, струмичката екипа на Тиверија на гостувањето во Речица остварија триумф од 1:4 со хет-трикот на Теодора Димоска и голот на Радица Велкова, додека почесниот гол за домашната екипа го постигна Анѓела Петковска.
Убедлива победа во Велес оствари тимот на ЖФК Топ Гол со резултат од 0:7 над ЖФК Велес, а ЖФК Драгон во Тетово со службени 0:3 дојде до три бода против ЖФК Тетово. Причините се поради што домашните фудбалерки немаа доволно играчи во поле да го продолжат натпреварот.
Денешни резултати Прва ЖФЛ:
ЖФК Речица 1:4 ЖФК Тиверија
ЖФК Тетово 0:3 ЖФК Драгон службено
ЖФК Борец 0:7 ЖФК Борец и
ЖФК Ас Унитед 5:1 ЖФК Прилеп.



