Рамон Родригез Вердехо или познат во јавноста како Мончи одбил 2 милиони и 500 илјади евра по сезона за соработка со Унаи Емери во Арсенал. Причина за негативниот одговор да премине во Лондон е телефонскиот позив од претседателот на Севилја кој бил доволен да го предомисли Мончи и да го убеди да се врати во својот матичен клуб со кој освои три титули во Лига Европа.
Во Севилја го помина скоро целиот живот, прво како голман, потоа како спортски директор од каде што премина во Рим во тимот на Рома. После елиминацијата на клубот во Лига Европа од Славија Прага и смената на првиот тренер Пабло Машин, остана простор за ангажман на Мончи.



