Гери Линекер објави 24 часовна анкета, барајќи фудбалски навивачи да гласаат за кој сметаат дека е најголем, дали е тоа Кристијано Роналдо или Лионел Меси. Неверојатно, повеќе од 380.000 луѓе гласаа во неговата анкета.
Лионел Меси и Кристијано Роналдо доминираа во Лигата на шампионите оваа недела. Роналдо со неверојатен хет-трик против Атлетико Мадрид го однесе Јувентус во четвртфиналето, а Меси против Олимпик Лион имаше две асистенции и два гола.
Резултатитте од гласањето се следниве:
Лионел Меси – 62%
Кристијано Роналдо – 38%



