Во рамките на 28. коло од Серија Б, на гостувањето против Венеција тимот на Палермо одигра реми од 1:1. Први во водство беа домашните фудбалери, а во второто полувреме во 71. минута Илија Несторовски се избори за казнен удар од белата точка кој не успеа да го реализира, а до крајот на мечот неговите соиграчи во 84. минута со голот на Пушкаш го израмнија резултатот за конечни 1:1.
Илија Несторовски ја носеше капитенската лента и го одигра целиот натпревар, додека Александар Трајковски играше се до 77. минута на теренот. Палермо и понатаму ја чува таа втора позиција на табелата која носи директен пласман во Серија А.
Видео: Несторовски промаши пенал



