вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Учинок интернационалци

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
март 11, 2019
📁 Фудбал

Малта 1

Тарксиен 0:2 Биркиркара рутински гостински триумф, во кој што голманот Кртистијан Наумовски не дозволи да се затресе неговата мрежа.

Холандија 2 Ерсте Дивизија

Телстар 1:0 Дордрехт минимален пораз во дербито на дното, за десниот бек и капитен на тимот, Антонио Станков, кој во текот на мечот заработи жолт картон, а беше заменет во финишот на натпреварот.

Италија Серија А

Парма 1:0 Џенова минимална победа на домаќините, а за гостинскиот тим Горан Пандев доби шанса за настап од 81. минута каде имаше премалку време на располагање за да му помогне на тимот да дојде до поволен резултат.

Србија 1

Раднички Ниш 1:0 Младост домашна победа за нови три бода за зацврстување на втората позиција на табелата. Цел натпревар за Раднички одигра искусниот Александар Тодоровски.

Шпанија Примера

Барселона 3:1 Рајо Валјекано нов пораз за Рајо и останува во долниот дел на табелата, а овој пораз беше очекуван затоа што играа против најдобриот шпански тим во моментов кој се бори за шампионската титула. На ,,Ноу Камп” иако бранеше квалитетно, Столе Димитриевски беше немоќен да го спречи поразот на својот тим.

Леванте 0:2 Вилјареал голем пад на формата на Леванте, додека Вилјареал се повеќе ја враќа формата и затоа на секој нареден меч освојува бодови. Во домашниот табор Енис Барди беше во првиот тим и одигра се до 83. минута на теренот.

Бугарија 1

Локомотив Пловдив 4:1 Дунав Русе гостите убедливо загубија и останаа на претпоследната позиција на табелата. За Дунав Рисе цел натпревар на позицијата десен бек одигра Александар Исаевски кој заработи и жолт картон.

Септември Софија 1:2 Славија Софија македонско дерби кое што победничкиот гол го постигна Дарко Тасевски во 67 минута, а беше заменет во 76 минута, додека во победничкиот табор настапи уште Стефан Ашковски кој играше се до 63 минута од мечот. За домашната екипа Дарко Глишиќ го одигра целиот натпревар на позицијата лев бек.

Кипар 1

Аел Лимасол 0:3 Аполон убедлив домашен пораз од лидерот на табелата, а младинскиот репрезентативец до У-21 Давор Здравковски остана на клупата за резерви кај домаќините.

Апоел 0:0 Аек Ларнака дерби натпревар кој заврши без постигнат гол. За Аек Ларнака Даниел Мојсов одигра цел меч и беше бедемот во делот на одбраната кој не дозволи на противникот да постигне гол. Иван Тричковски поради повреда не беше во протолот за овој натпревар.

Алки Ороклини 2:1 Ермис Алки дојде до победа и три бода над последнопласираната екипа во лигата. Во домашниот состав цел натпревар одигра Душко Трајчевски при тоа заработи и жолт картон.

Чешка 2

Витковице 0:0 Храдец Кралове натпревар без голови и со поделба на бодовите, каде што гостите сеуште се во битка за пласман во најдобрата чешка прва лига. За Храдец цел натпревар одигра Фахрудин Ѓурѓевиќ.

Англија Чемпионшип

Бристол Сити 0:1 Лидс Јунајтед важна гостинска победа за задржување на позицијата која го води тимот во Премиер лига. Езџјан Алиоски повторно одигра квалитетен натпревар, а учествуваше во акцијата за погодокот со пред-асистенција. Алиоски заработи и жолт картон во финишот на мечот.

Унгарија 1

Халадаш 3:2 Ујпешт ниту водство од 0:2 не беше доволно да се совлада последниот тим на табелата, затоа што домашните фудбалери во вториот дел за само неколку минути постигнаа три гола за пресврт. За Ујпешт цел натпревар одигра Кире Ристевски кој заработи и жолт картон.

Пакс 2:2 Мол Види ефикасен меч со поделба на бодовите. Домашната екипа на Пакс на два пати водеше, а гостите израмнуваа. Мол Види со најновиот кикс го губи чекорот за шампионската титула со Ференцварош. Од 63. минута за Мол Види настапи Бобан Николов.

Холандија 1 Ередевизија

Венло 1:0 Екцелзиор нов пораз за гостите и сега се наоѓаат на една позиција над зоната за испаѓање. Од 77 минута на теренот настапи Денис Махмудов за тимот на Екцелзиор.

Португалија 1

Боависта 1:2 Спортинг Лисабон во малото лисабонско дерби, до триумф со пресврт стигна тимот на Стефан Ристовски кој одигра цел натпревар. Спортинг со контроверзен пенал и гол во последните моменти од мечот запиша нова победа.

Словачка 1

Нитра 0:0 Ружомберок натпревар кој имаше се и сешто само немаше погодоци. Двете екипи заработија по еден црвен картон, домашните промашија и пенал, а кај гостите црвениот картон го заработи Јани Урдинов, додека Тихомир Костадинов играше се до 75 минута на теренот.

Сегед 3:1 Трнава дуел на две екипи од средината на табелата, каде домаќините до победа стигнаа со погодоци во второто полувреме. За Трнава првото полувреме го одигра Кире Маркоски.

Моравце 1:2 Дунајска Стреда победа со пресврт за гостите против последнопласираната екипа на табелата. За Моравце на клупата за резерви остана младинскиот репрезентативец Томче Гроздановски.

Турција 1

Башакшехир 2:1 Фенербахче домашен триумф со кој што се многу блиску до освојување на историска шампионска титула. За Фенербахче првото полувреме го одигра Елиф Елмас.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Јапонија 2

Токушима 0:1 Омија Ардија трето првенствено коло во кое што до триумф дојде гостинската екипа со евро-голот на Давид Бабунски во 70. минута кој со удар од далечина постигна прекрасен гол кој се покажа на крај решавачки.  Бабунски настапи се до 88 минута на теренот.

Хрватска 1

Осиек 1:1 Локомотива Загреб битка за бодови кои носат пласман во евро-квалификациите, каде што двете екипи одиграа реми за поделба на бодовите. Поспе долга пауза поради повреда Музафер Ејупи се врати во екипата и настапи од 83 минута на теренот.

Динамо Загреб 3:1 Риека дерби на колото и со триумфот домаќините се зацврстуваат на лидерското место и се многу блиску до одбрана на шампионскиот трон. Во победничкиот табор Аријан Адеми поради повреда не беше во можност да настапи, а во спротивниот табор Дарко Велковски го одигра целиот меч, додека Милан Ристовски остана на клупата за резерви.

Грција 1

Аел Лариса 2:0 Левадиакос важни три бода се со цел да се избори опстанок во лигата. Никола Јакимовски настапи од 73 минута, а по десет минути поминати во игра асистираше до соиграчот за поставување на конечниот резултат од 2:0.

 

 

 

.

ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Ристовски ја спушти ,,ролетната” – сите одбрани на едно место

Следна вест

Прва ЖФЛ: Фаворитите според планот

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

Прва ЖФЛ: Фаворитите според планот

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.