Започна новата полусезона во Првата ЖФЛ во рамките на првото коло од пролетниот дел од натпреварувањето во женската фудбалска лига каде што фаворитите ја оправдаа својата улога и дојдоа до три бода на отворањето.
Шампионот ЖФК Драгон на свој терен ја совлaда екипата на ЖФК Борец со убедливи 7:0, а најзаслужни за триумфот се Ленче Андреевска која постигна хет-трик, Афродита Салихи, Елена Петровска, Драгана Костова и Рабиа Дервиши со по еден постигнат гол.
Вториот конкурент за титулата екипата на ЖФК Истатов дојде до уверлива победа од 8:0 против ЖФК Атлетико од Битола со погодоците на Ели Јаковска која оствари нов хет-трик, додека двоен стрелец беше Кристина Петрушевска, а по еден гол постигнаа Крстаноска, Стојковска и Марковска.
Во дербито на колото во Битола, во ефикасен и неизвесен меч се соочија ЖФК Топ Гол против ЖФК Асс Унитед од Струга, а до трите бода стигнаа гостинските фудбалерки со триумф од 3:5. Најефикасна на натпреварот беше Илза Максути која ги постигна сите пет гола за својата екипа. Кај младите битолчанки во листата на стрелци се запишаа Размоска, Гелевска и Јанковска.
Резултати прво коло пролетна полусезона Прва ЖФЛ:
ЖФК Тиверија 3:1 ЖФК Прилеп
ЖФК Топ Гол 3:5 ЖФК Асс Унитед
ЖФК Драгон 7:0 ЖФК Борец
ЖФК Истатов 8:0 ЖФК Атлетико
ЖФК Речица 2:0 ЖФК Кочани.



