Македонија Саса е на последната позиција на табелата во Втора лига – Исток, а на отворањето во прво коло на втората натпреварувачка полусезона на домашен терен го совладаа Кит-Го, тим кој се бори за висок пласман.
Велешки Борец триумфира со 3:0 против Плачковица и само уште повеќе се зацврсти на лидерската позиција која обезбедува пласман во ранг погоре и настап во најдобрата македонска фудбалска лига. Во дербито на колото без голови одиграа Кожув и Брегалница, додека Тиквеш киксираше проитв Детонит Јуниор кој се бори за промоција во повисок ранг.
Видео: Големо славје на ФК Каменица Саса
Денешни резултати, Втора лига – Исток:
Кожув Гевгелија 0:0 Брегалница
Борец 3:0 Плачковица
Партизан Обршани 1:0 Вардар Неготино
Каменица Саса 1:0 Кит-Го
Детонит Јуниор 1:1 Тиквеш.



