Се случи и тој момент Работнички да загуби на домашен терен во ,,Градски парк” и тоа против МЗТ Скопје Аеродром. ,,Металците” му се реваншираа на домашните кошаркари за поразот кој го доживееја во СЦ ,,Јане Сандански”.
МЗТ Скопје триумфираше на тешкото гостување против Работнички со резултат од 70:74, а најзаслужни за победата беа Иве Иванов со 22 поени, а Предраг Самарџински имаше учинок од 16 поени и 16 скока. Кај Работнички, ветеранот Мираковски постигна 18 поени, а Крстевски заврши со 16 поени и 7 скока.



