Александер Волкановски кој го носи и прекарот „Александар Македонски“ поради потеклото од Македонија, ќе ја има борбата од соништата поради неговите импресивни настапи во досегашниот дел од кариерата.
Во последната своја УФЦ битка, Волкановски го победи Чад Мендес, а тоа му овозможи уште подобра борба, на УФЦ 237 ќе се бори против легендата во овој спорт Хозе Алдо.
Хозе Алдо важи за можеби најдобриот борец во оваа категорија на сите времиња, па Волкановски ќе го има најголемиот меч во својата досегашна кариера.
По победата во УФЦ 232, Волкановски ги повика Алдо, Макс Холовеј и Френки Едгард, претседателот на УФЦ, Дана Вајт очигледно го послуша и му овозможи борба со еден од посакуваните противници.
„Мислам дека УФЦ видоа нешто во мене. Очигледно е дека тие ми даваа добри борби, големи борби. Па сигурно имаат видено нешто посебно во мене“, изјави Волковски во Јануари оваа година, и доби вистинска легенда за противник.
УФЦ 237 ќе се одржи на 11 мај во Бразил.



