Кошаркарите на Реал Мадрид го надиграа Фенербахче со 101-86 во дербито на 25-то коло во Евролигата.
Во тимот на Реал Мадрид, Рендолф со 21 поен ја преводеше листата на стрелци, пред Љуљ со дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 асистенции. Најрасположен кај гостите од Турција беше Слукас со 15 поени и 7 асистенции.
Во останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:
Дарушафака – Панатинаикос 67:91 (17:20, 20:26, 16:20, 14:25)
Жалгирис Каунас – Гран Канарија 98:64 (25:10, 21:17, 31:18, 21:19)
Баерн Минхен – Макаби Тел Авив 70:77 (17:18, 14:15, 16:25, 23:19)



