Динамо Загреб направи подвиг и во првиот 1/8 финален натпревар на домашен терен ја совладаа Бенфика. ,,Модрите” имаат сосема реални шанси да изборат пласман во 1/4 финале. Домашните фудаблери без помошта на повредениот Аријан Адеми одиграа одличен натпревар и заслужено го поразија фаворизираниот тим. Инаку познати се оценките кои ги добија фудбалерите на Динамо Загреб после одиграниот меч.
Стрелецот на единствениот гол Бруно Петковиќ доби највисока оценка и тоа 7.7, шпанецот Дани Олмо имаше оценка 7.4 исто колку и Марин Леовац, потоа следат со 7.0 фудбалерите Иван Суњиќ, Емир Дилавер и Петар Стојановиќ. Домагој Ливаковиќ, Дамиан Казиор и Кевин Теофил Кетрин добија оценка 6.9. Со 6.6 и 6.5 завршија зад своето име Амер Гојак и Мислав Орсиќ.



