Деновиве под етикета на водечката дискографска куќа во регионот, Кроација рекордс, Македонскиот етно-состав “Љубојна” ја објави својата колекција на најголеми хитови CD “Greatest Hits Collection”, на која се најдоа 12 песни од сите фази на бендот.
Во овој избор на 12 песни се наоѓаат внимателно одбрани нумери од нивната долгогодишна кариера, а “Љубојна” дискографски и се претставува на пошироката публика во регионот.



