По завршувањето на реванш дуелот од 1/8 финалето на стадионот ,,Паркот на Принцовите” каде што ПСЖ загуби од Манчестер Јунајтед со резултат од 1:3, по завршувањето на натпреварот фудбалерите на ,,Црвените ѓаволи” останаа долу на теренот и прославија заедно со своите верни фанови кои допатуваа во голем број во Франција. Во прилог и видео како изгледаше нивната радост и прослава:



