Се додека постојат и теоретски шанси ,,Црвените ѓаволи” на реваншот во Париз ќе веруваат во чудо. Манчестер Јунајтед ќе треба да го ископира сценариото на Ајакс на вчерашниот меч против Реал Мадрид. Ако на првиот натпревар во Англија ПСЖ беше тимот со повредени фудбалери, сега во многу потешка ситуација е англискиот тим затоа што десетмина фудбалери не се достапни за настап што поради повреди или суспензии.
Шансата Манчестер Јунајтед ќе ја бара во ситуација ако домашниот тим одигра потценивачки и со послаб интензитет, како и во фактот што сеуште ги немаат на располагање двете големи ѕвезди Кавани и Нејмар.
Сепак ПСЖ има голема предност од 2:0 и фактот што играат пред своите навивачи, а освен тоа противникот најголемите проблеми ги има во средниот ред каде што ќе се води клучната битка за превласт на теренот.
Во вториот вечерашен натпревар Порто на домашен терен го пречекуваат тимот на Рома и ќе се обидат да триумфираат и со тоа да си го зачуваат рејтингот на тим кој во последните неколку сезони е постојан учесник во нокаут фазата во најелитното клупско натпреварување.
Рома на првиот натпревар победи со 2:1 и носи минимална предност пред реваншот во Португалија. Италијанскиот тим има многу проблеми и притисок од јавноста поради лошите и променливи резултати, а Порто ќе се обиде да ги искористи сите можности и шанси во текот на мечот.
Лига шампиони реванши, вечерашни двојки:
ПСЖ : Манчестер Јунајтед од 21.00 часот
Порто : Рома од 21.00 часот.



