Езџјан Алиоски е предводник на Лидс Јунајтед кон нивната цел, а тоа е враќање во најдобрата англиска Премиер лига. На последниот првенствен натпревар на стадионот ,,Еланд Роуд” тимот на Лидс Јунајтед во дербито на колото го совлада ВБА со убедливи 4:0.
На овој меч токму Алиоски го постави конечниот резултат за негов седми гол за Лидс во првенството. Сепак одличните настапи не останаа незабележани и Алиоски влезе во најдобрите 11 во тимот на колото во Чемпионшип.
Фото: Езџјан Алиоски во тимот на колото



