Хрватскиот репрезентативен десен бек и член на Пари Сен Жермен го изедначи својот рекорд на постигнати голови на еден меч од Лига шампиони. 28-годишниот ракометар со својот тим се одјави со триумф над Мотор Запорожје во групната фаза со резултат од 31:25 на полувреме 16:13 каде што Степанчиќ постигна 9 гола каде го израмна својот рекорд на постигнати голови на еден натпревар во ЛШ, воедно беше и најдобар стрелец на средбата.



