Легендарниот десен бек од ерата на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Англија, Гери Невил по неуспешната авантура во Валенсија како менаџер пред неколку години сега работи како стручен консултант во Скај Спорт.
Гери Невил му даде совет на тимот на Ливерпул како да ја освои Премиер лигата, а неговиот совет е да тимот од ,,Енфилд Роуд” да дозволи да биде елиминиран од Баерн Минхен во 1/8 финалето во Лига шампиони.
,,Знам дека неможеш да излезеш на терен со намера да испаднеш, но мислам дека би било корисно за Ливерпул да го расчисти распоредот, а својата теза ја надополни со следново: ,,Со евентуалната елиминација тимот ќе има повеќе одмор до крајот на сезоната. Манчестер Сити со тоа ќе има повеќе натпревари во ЛШ како и во ФА купот на Англија. На овој начин црвените од Ливерпул би имале многу предност пред Сити, што не е податок за занемарување”– кажа на крај на интервјуто Невил.



