По серијата лоши резултати и очајната атмосфера во соблекувалната на Манчестер Јунајтед со менаџерот Жозе Мурињо, раководството на тимот го разреши португалецот и го назначи норвежанецот Оле Гунар Солскјер кој бележи одлични резултати.
Затоа и следната сезона клубот ќе му даде целосна доверба да го предводи тимот иако претходно постоеја шпекулации дека е само преодно решение и дека во конкуренција за престижното работно место се Алегри, Покетино, Зидан и многу други имиња, сепак Солскер на дело докажа дека е квалитетен и перспективен млад менаџер.



