Како никогаш досега Реал Мадрид во ,,Ел Класико” дербито доминираше на терен, а крајниот резултат на ,,Сантјаго Бернабеу” гласи пораз од 0:3. По првиот меч резултатот заврши 1:1 и наместо домашните фудбалери да ја одбранат стекнатата предност од првиот меч тие влегоа со желба и мотиви што побрзо да го решат патникот во финалето и при тоа имаа неколку зрели шанси да го совладаат Тер Штеген каде што ,,Кралевите” немаа концентрација успешно да ги завршат нападите со гол, а во сето тоа предничеше младиот Винициус Јуниор.
Затоа на спротивната страна каталонците во вториот дел казнија што домашните фудбалери не постигнаа погодок. На асистенција на Дембеле во полуконтра напад Суарез во 50. минута донесе водство од 0:1. Во 69. минута повторно Дембеле се најде во центарот на вниманието затоа што убаво продре по десната страна и остро по земја топката ја уфрли во петте метри каде што Варан пред Суарез топката ја спроведе зад грбот на Кејлор Навас.
Печат на високата победа донесе уругвајскиот гол мајстор Суарез во 73. минута кога од пенал со атрактивна ,,паненка” го комплетира резултатот на 0:3. Барселона се пласира во финалето на Копа Дел Реј и ќе го чека подобриот од двомечот помеѓу Реал Бетис и Валенсија каде што на првиот меч резултатот во Севилја беше 2:2.
Видео: Реал Мадрид 0 -1 Барселона стрелец Суарез
Goal!#BAR #FCB #Suárez pic.twitter.com/ddZTZsPQlL
— FUMI (@hisssshi61_vid) February 27, 2019
Видео: Реал Мадрид 0 – 2 Барселона стрелец Варан автогол
Видео: Реал Мадрид 0 – 3 Барселона стрелец Суарез



