Маурицио Сари имаше за прв пат во својата кариера ситуација во која што подготвува замена, а фудбалерот што треба да го напушти теренот да ја одбие одлуката на својот менаџер. Во куп финалето ,,Карабао куп” Челзи играше против Манчестер Сити и загуби по изведување на пенали.
Пред пенал рулетот, Сари подготви замена каде што голманот Кабаљеро треба да го замени Аризабалага, што тој одби да излезе од игра и во тој момент италијанецот нервозно изреагира и за момент го напушти теренот и протестираше и гестикулираше на клупата со своите помошници. Во прилог и видео од целата ситуација:



