Леванте на домашен терен во рамките на 25. коло од Примера загуби несреќно од Реал Мадрид со резултат од 1:2. ,,Кралевите” први дојдоа во водство во финишот од првото полувреме кога Карим Бензема во 43. минута го реализираше ударот од белата точка.
Во првиот дел за одбележување се двете шанси на Роџер Марти кога на два пати ја погоди стативата од голот на Куртоа. Во едната ситуација доби директна и правовремена асистенција од Енис Барди. И кога не се користат шансите следува казна на спротивната страна.
Во вториот дел Леванте имаше фуриозни дваесет минути и својата игра ја награди со израмнувачки гол кога на асистенција на Моралес, напаѓачот Роџер Марти по третата за него стопронцентна ситуација постигна гол.
До крајот на натпреварот Сколари превзема поголем ризик и дозволи неговиот тим да игра поофанзивно и направи неколку замени кои на крајот ќе се покажат клучни како влегувањето во игра на Герет Бејл кој токму тој во 78. минута го реализира пеналот за триумф од 1:2. Енис Барди одигра квалитетни 88. минути колку што беше на теренот.



