Алваро Мората на ,,Ванда Метрополитано” го постигна дебитантскиот гол за Атлетико Мадрид и тоа против Вилјареал во 31. минута на асистенција на Фелипе Луиз. До крајот на натпреварот ,,Јорганџиите” постигнаа уште еден гол преку Саул Нигез за триумф од 2:0 и зацврстување на втората позиција на табелата. Инаку Мората играше до 58. минута кога на терен го замени Диего Коста.



