Германскиот ски скокач, Маркус Еисенбихлер е сензационален светски победник во ски скокови со прелетани 131.5 и 135.5 метри во Инсбрук,Австрија каде беше подобар од конкуренцијата за да освои златен медал.
За каква сензација станува збор сведочи информацијата која вели дека германецот никогаш не бил првак ниту во Светскиот куп, а во 2012 година во Оберздорф имаше стравичен пад при скок и пад директно на главата и веднаш заврши во болница каде што имаше опасност да остане во инвалидска количка до крајот на животот.
Неговиот спортски дух и брзата рехабилитација го вратија во спортот и во 2014 година на истото место каде ја заработи повредата го имаше првиот скок, а сега е светски првак и освои златен медал. Инаку Еисенбихлер по занимање е полицаец.



