Суперхикс на 3-ти март 2019 година во МКЦ, Скопје, на свој начин ќе прослават 25 години од својот прв настап во некогашниот Доорс во Дебар Маало, Скопје. Банда инструментале на истиот ден, 03-ти март, во 1994 година за прв пат го размрдаа Скопје.
Видеото и песната „Модерна љубов“ се снимени во студиото „Тра ла ла“. За прв пат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.
Официјално музичко видео за синглот “Модерна Љубов”
Музика, текст и аранжман: Суперхикс Банда Инструментале.
Снимање,микс и мастер во студио “ТРАЛАЛА” од Мите Димовски.
Режија и монтажа: Гоце Лалковски.
Камера: Гоце Лалковски и Симе Златков.



